ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ БЛАЦЕ

На 17.02.2020 ГД Гранит АД  потпиша договор   со Јавното Претпријатие за државни патишта за Изградба на автопат А4, делница ГП “ Блаце” – Скопје ( клучка “ Стенковец “), Подделница 1- проширување на постоен пат А4  од ГП “ Блаце” до с.Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат со с.Блаце.

ОДЛУКИ ДОНЕСЕНИ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2021

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 21.05.2021 година ги донесе следните Одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (Преземи PDF),

2. Одлука за усвојување на консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (Преземи PDF),

3. Одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (Преземи PDF),

4. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2020 година (Преземи PDF),

5. Одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (Преземи PDF),

6. Одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2020 година на ГД Гранит АД Скопје (Преземи PDF),

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2020 година (Преземи PDF),

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2020 година (Преземи PDF),

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (Преземи PDF),

10. Одлука за исплата на дивиденда за 2020 година (Преземи PDF),

11. Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2021 година (Преземи PDF)

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2021

Собранието ќе се одржи на ден 21.05.2021 година (пeток) со почеток во 12:00 часот.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2021 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година
– Биланс на состојба и Биланс на успех (преземи PDF
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка (преземи PDF),

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година
– Консолидиран Биланс на состојба Консолидиран биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2020 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLS); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLSX)
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2020 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2020 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2020 година (преземи PDF)

5. Извештај од извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година, поединечна (преземи PDF) и консолидирана (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година (преземи PDF)

6. Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2020 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2020 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија
 (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија (преземи PDF)

8.Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година
 (преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда
  (преземи PDF)

11. Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2021 година
 (преземи PDF)

Предлози од акционери:

Нова Предлог одлука за распределба на добивката по точката од дневниот ред 9 „Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2020 година” (преземи PDF)

Нова Предлог одлука за исплата на дивиденда по точката од дневниот ред 10 „Предлог одлука за исплата на дивиденда” (преземи PDF)

„По образложението на Управниот одбор по новите предлог одлуки од акционери, акционерите подносители на истото ги повлекоа предлог новите одлуки по што насловот ПРЕДЛОЗИ ОД АКЦИОНЕРИ односно предлог одлуките погоре се повлекуваат од гласање на Годишното Собрание (преземи PDF)

ОДГОВОР И ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД УПРАВНИОТ ОДБОР ПО НОВИ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИ ОД ГРУПА НА АКЦИОНЕРИ

Одоговор и образложение од Управниот одбор по две нови предлог одлуки од група на акционери за одлуката за распределба на добивката и исплата на дивиденда  (преземи docx)

Образложение од Управниот одбор по однос на одлуката за распределба на добивката (преземи docx)

Инструкции за учество на Собранието:

Образци:

Образец за гласање по пат на кореспонденција за правни лица (преземи docx),
образец за гласање по пат на кореспонденција за физички лица (прeземи docx)

Овластување полномошници (преземи PDF), полномошно за правни лица со инструкции (преземи RTF), полномошно за физички лица (преземи DOC).
Пријави (преземи PDF)
Поставување на прашања (преземи docx)
Нови точки (преземи docx)

Известување за полномошници: Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва објавен во Сл. весник на РСМ бр.248/2018, ГД Гранит  АД Скопје ги известува сите ополномоштени лица кои се овластени од повеќе од еден акционер да учествуваат во работата на претстојното Собрание, за дадените полномошна да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РСМ најдоцна пет работни дена пред одржување на Собранието односно најдоцна до 14.05.2021 година. При известувањето, ополномоштените лица да го користат образецот за известување од полномошник на собрание на акционери, објавен на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и на страницата на ГД Гранит АД Скопје. (преземи PDF)

Број на акции за Собрание 2021

Награда за градежништво ПОРТА 3 2020

Комисијата на Порта 3, составена од 5 членови, за доделувањето на наградата за градежништво ПОРТА 3 2020, одлучуваше во состав од 5 стручни членови, а врз основа на креативниот и стручен пристап на градежништвото, земајќи ги во предвид квалитетните објекти, функционалните решенија кои соодветно се вклопуваат во околината, следењето на достигнувањата во дизајнот и технологијата.

ГД Гранит АД Скопје е компанија која континуирно вложува во професионалниот развој на своите вработени и ги подржува во кариерниот напредок, па со особена чест и гордост ја примивме веста дека Наградата за градежништво ПОРТА 3 2020 година, беше доделена на нашиот вработен Виктор Митевски, помошник директор на Секторот за оператива на Друштвото.

Виктор Митевски (1983) со години наназад работи како инженер во ГД Гранит АД Скопје, а од минатата година е и помошник директор на Секторот за оператива. Во својата професионална кариера работел на проектирање и изведба на објекти и автопатишта, како во земјата, така и во странство.

Својата професионална кариера ја започнува како инженер на објекти, а потоа и раководител на градба на објекти.

Позначајни објекти на кои работел како инженер се: Државен архив, Уставен Суд на Република Македонија и Археолошки музеј во Скопје, како раководител работел на објектите Агенција за електронски комуникации и Јавна администрација и Факултет за Драмски уметности, Скопје.

Работи и на проектирање и изведба на автопатишта. Бил раководител на делница Бжеско – Вјешхославице на автопатот А4, Краков – Лвов, Полска, раководител на бетонски работи и објекти на автопат Бања Лука – Добој, делница Прњавор – Добој и технички директор на делницата Бања Лука – Прњавор.

Во моментов е директор на проектот, автопат Блаце – I Делница.

ГД Гранит АД Скопје добитник на ПЛАКЕТА за Значаен корпоративен донатор во 2020 година

На 18-ти Декември 2020 година, по повод Меѓународниот ден на човековата солидарност, СОС Детско Село организираше настан „Едно семејство“ чиј покровител е г-ѓа Елизабета Георгиевска, сопруга на Претседателот на РСМ, на кој настан беа доделени плакети на донаторите кои ја подржуваат благородната мисија на оваа организација, а беше отворена и изложбата на уметничките дела на Мартин Бурески, младенец од СОС Детско село.

ГД Гранит АД Скопје, како еден од корпоративните донатори, продолжува силно да ја подржува мисијата на СОС Детското Село, чие мото гласи: „Ниедно дете не заслужува да расте само“.

Трогнати од решителноста и амбицијата на децата кои растат и се развиваат во СОС Детско Село, но и свесни дека иднината е поизвесна и посветла со личности како што се тие, не само што продолжуваме да бидеме дел од нивната работа, но и се стремиме за продлабочување на соработката на повеќе нивоа.

Наша привилегија и чест е да допринесеме да не растат сами.

ГД Гранит АД Скопје донираше 10.000 тестови за брза детекција на Covid-19 на Министерството за здравство

Следејќи ги своите определби за општествено одговорна компанија, ГД Гранит АД Скопје донираше 10.000 тестови за брза детекција на Covid-19 вирусот, со што изрази силна подршка на Министерството за здравство во борбата против корона вирусот.

ГД Гранит АД Скопје останува посветен на заложбите за олеснување на решавањето на проблемите кои настанаа како резултат на пандемијата со која се соочува нашата држава, како и на спроведување на сите заштитни мерки и препораки во рамките на Друштвото заради заштита на нашите вработени и нивните семејства.

ГД Гранит АД Скопје добитник на наградата „Компанија со најдобра пракса за БЗР 2020“

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, ја врачи Националната награда „Компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020“ на ГД Гранит АД Скопје.

Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката ја истакна исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, јакнењето на културата на превенција, како теми и области кои се од особено значење и кои се несомнено мошне актуелни. Дотолку повеќе кога се наоѓаме во исклучително комплициран и сериозен период, кога целото човештво е погодено од пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Доделеното признание само ги потврди заложбите и претставува уште поголем поттик и одговорност за ГД Гранит АД Скопје да продолжи да работи на креирање на политики на безбедност, превенција на болестите и унапредување на континуираната грижа за здравјето и добробитта на нашите вработени.

Известување: Исплата на дивиденда за 2019 година

Почитувани Акционери,

Ве известуваме дека ГД Гранит АД Скопје на ден 25.09.2020 година започна со исплата на дивидендата за 2019 година за сите физички и правни лица кои имаат доставено податоци.

Исплатата ќе заврши на 28.09.2020 година.

Се повикуваат сите физички и правни лица кои немаат доставено податоци, тоа да го сторат во најкраток можен рок на следната e-mail адреса:

violeta.petrusevska@granit.com.mk


ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит – Одлуки од Собрание на акционери 2020

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 11.05.2020 година ги донесе следните Одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

2. Одлука за усвојување на консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

3. Одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

4. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2019 година (Преземи PDF),

5. Одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

6. Одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2019 година на ГД Гранит АД Скопје (Преземи PDF),

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2019 година (Преземи PDF),

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2019 година (Преземи PDF),

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

10. Одлука за исплата на дивиденда за 2019 година (Преземи PDF),

11. Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2020 година (Преземи PDF)

12. Избор на членови на Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопјe (Преземи PDF)