Лабораторијата на ГД Гранит АД Скопје се стекна со сертфикат ЛТ-103

 

ГД Гранит АД Скопје со задоволство информира дека Лабораторијата на Друштвото успешно го заврши процесот на Акредитација и се стекна со Сертификат ЛТ-103.

Им честитаме и благодариме на сите инеженери и техничари кои беа вклучени во процесот, тие се нашиот најзначаен капитал и гордост.

                                                                                                           

 

 

 

Известување за акционерите на ГД Гранит АД за исплата на дивидендата за 2023 година

 

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за  исплата на дивидендата за 2023 година, потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава. Изјавата може да ја превземете овде.

Акционерите кои добиле  дивиденда за претходните години,  доколку  податоците  им се важечки,  нема  потреба  истите  повторно  да  ги  доставуваат.

Податоците да се достават  на адреса :  ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или на e-mail  violeta.petrusevska@granit.mk  со назнака за дивиденда 2023 година

Сите потребни информации можат да се добијат на тел 3 218 713

 

Скопје,  12.06.2024  год                                                                                                               

 

 

 

ГД Гранит АД Скопје добитник на кристална статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2023 година

Продолжувајќи и продлабочувајќи ја соработката со СОС Детско Село, ГД Гранит АД Скопје во 2023 година се вброи во друштвото на најголеми корпоративни донатори.

Горди и почестени сме што со нашиот скромен придонес сме причина за детска насмевка.

Огромно задоволство ни претставува што успеавме и во услови на економска криза, да ја поддржиме мисијата на СОС Детско Село во Македонија.

Посебно сме благодарни и на Синдикатот на Гранит, кој веќе 2 години помага во подготвувањето на зимница за младинците на СОС Детско Село и на тој начин секој еден вработен во Гранит дава свој придонес во обезбедувањето на се што е потребно за дечињата на кои тоа им е најпотребно.

 

Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата

 

Со особено задоволство ги покануваме сите професионалци од полето на набавките да се пријават и да го следат краткиот webinar, со наслов „Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата“.

Истиот ќе се одржи на 13.02.2024 со почеток во 12:00 часот, а еден од говорниците ќе биде и Денис Ризаов, правник во ГД Гранит АД Скопје.

Вебинарот ќе се осврне на следниве прашања:

-Кои се најновите случувања во индустријата?

-Прашања околу цените, одржливоста, квалитетот и квалификациите

-Како консултантите ја „бранат“ својата позиција на променливиот пазар?

-Различните пристапи низ светот – кои се клучните трендови?

-Улога на клучните финансиери и клиенти

-Правни рамки

-Улогата на FIDIC договорите врз добрите набавки

Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк: https://events.fidic.org/webinarseries2024/session/1922202/where-is-procurement-going-future-trends-and-challenges-for-the-industry

 

ГРАНИТ добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година од Друштвото на градежни конструктори на Македонија

На 20 Меѓународен Симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје беше добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.

Признанието беше доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.

Ова и сите останати признанија и награди се потврда за вложувањето во човечките ресурси на Друштвото, во насока на наградба на знаењето на нашите кадри, пристапот до нови технологии за градба, поседување на најсовремена опрема за изведба на објектите, високото ниво на тимска работа, како и мотив и понатаму да продолжиме да поставуваме стандарди во градежната индустрија.

22 годишна конференција на Македонска Берза

На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.

На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.

Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.

На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.

Изградба на Експресен пат, А2 Лот 2: Изградба на делница Крива Паланка – Длабочица

Во 2018 година ГД Гранит АД Скопје потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на Експресниот пат А2 Секција Страцин (Чатал) – Крива Паланка, каде ГД Гранит АД Скопје ја изведува подсекцијата Крива Паланка – Длабочица во вкупна должина од 9 km.

Експресниот пат А2 Ранковце – Крива Паланка дел од Коридор 8 – Исток е еден од најважните интернационални коридори во Македонија и истиот ќе обезбеди модерна инфраструктурно поврзување на Македонија со Бугарија.

 

Успешно одржан панел “Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија”

На 25.04.2023 година, во Стопанската Комора на Македонија, а во организација на Меѓународниот Арбитражен Суд, се одржа панелот на тема: ОСИГУРАЈТЕ СЕ ДЕКА АРБИТРАЖАТА ГИ ИСПОЛНУВА ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ВАШАТА КОМПАНИЈА, чиј спонзор беше ГД Гранит АД Скопје.

На панелот учество земаа над 80 млади професионалци од земјата и странство, а панелистите го споделија своето долгогодишно и обемно искуство од полето на арбитражните постапки.

Воедно, со присуството на Раководителот на Правната служба на Гранит, Марија Шеќероска, се даде акцент и на огромната важност на корпоративнтие правници вработени во друштвата во арбитражните постапки.

 

ГД Гранит АД Скопје – спонзор на панелот: Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија

 

ГД Гранит АД Скопје со гордост објавува дека е спонзор на панелот: Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија, во организација на Меѓународниот Арбитражен Суд, на кој еден од панелистите ќе биде и Раководителот на правната служба на Гранит, Марија Шеќероска.

На панелот ќе се дискутира за начините на кои бизнис и административните службеници во соработка со нивните внатрешни и надворешни советници можат да обезбедат и да придонесат за економично, брзо и правично решавање на нивните спорови со арбитража. Панелистите ќе дадат практични сознанија за ефективно управување со различни фази од арбитражниот процес, како и некои стратешки размислувања кога станува збор за решавање на споровите.

Како и секогаш, овој настан на ICC YAAF ќе биде идеален форум за младите практичари да разменат знаења, да ги споделат своите искуства и да ја прошират својата мрежа.

За кого е наменета конференцијата?

  • Адвокати специјализирани за решавање спорови или заинтересирани за арбитража
  • Корпоративни правници
  • Административни службеници
  • Академици
  • Студенти заинтересирани за арбитража

Настанот е отворен за оние на возраст од 40 и помлади, YAAF обезбедува можности за поединците да стекнат знаење, да ги развијат своите вештини и да ја разберат арбитражната постапка на МКС и другите услуги за решавање спорови.

Ве молиме евидентирајте го вашето присуство на следниот линк: 

https://2go.iccwbo.org/icc-yaaf-making-sure-that-arbitration-meets-your-company-s-expectations#description

Ве очекуваме !

Гранит – еден од најголемите донатори на СОС Детско Село

Со радост објавуваме дека ГД Гранит АД Скопје, со продлабочувањето на соработката со СОС Детско Село во 2022 година се вброи во најголемите донатори за донации во добра.

Покрај тековната поддршка која Друштвото ја дава на мисијата на СОС Детско Село, во 2022 година Друштвото обезбеди бесплантно летување на 28 младинци и нивните ментори во хотел Гранит во Охрид.

Заедно со младинците од младинската куќа во Бардовци, вработените од ГД Гранит АД Скопје, подготвија и 70 тегли вкусна зимница.

ГД Гранит АД Скопје, како општествено одговорна компанија, останува посветена на продолжување и продлабочување на соработката со СОС Детско Село.