За нас

 

Акционерското Друштво Гранит беше формирано како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа, согласно владината одлука на С.Р.Македонија бр.1235/52 на 24 ноември, 1952 година. Во следните 57 години, Гранит се трансформираше од државна компанија во Акционерско Друштво преку приватизацијата во 1996, што подоцна стана најголемото македонско претпријатие за изградба.

За време на југословенската ера, Гранит ги развиваше своите капацитети и стана компанија способна за извршување на покомплекси проекти. Откако Македонскиот пазар не можеше да го задоволи целосниот капацитет, Гранит се прошири и почна да учествува на меѓународни проекти.

Денес, Гранит се стреми да оддржи баланс помеѓу работата на домашниот и странскиот пазар, со цел да ја оддржи својата лидерска позиција во областа на градежништвото. Гранит ќе продолжи да биде посветен на развојот на инфраструктурата во Македонија, како и да собира знаење од работата на странските пазари.

Луѓето кои стојат позади името на Гранит денес, имаат една заедничка желба – да го зачуваат тоа што било формирано до овој момент, така што Гранит може да зачекори во иднината со уште поголема сила, како што и самото име наведува.

 

ИСТОРИЈА НА КОМПАНИЈАТА

  • 1989

    • Рехабилитација на пистата на меѓународниот аеродром во Кувајт. • Изградба на воена база во Алжир.

  • 1963

    • Гранит учествува во реконструкцијата по земјотресот во Скопје откако поголемиот дел од градот е срамнет со земја.

  • 1969

    • Првиот договор на Гранит во странство и на Блискиот Исток. Изградба на автопатот Хомс-Салет во Сирија.

  • 1972

    • Гранит учествува во изградбата на Цветендорф нуклеарната постројка во Австрија.

  • 1974

    • На Гранит му е доделен договор за изградба на Кувајтската воената воздухопловна база (договор од 162.000.000,00 долари), што е прв голем проект во странство.

  • 1979

    • Гранит влегува во Либискиот пазар со договор за изградба на патишта и улици во Бенгази.

  • 1981

    • Гранит го добива вториот најголем договор со вредност од 93.500.000,00 долари за изградба на станбена зграда во Мисурата, Либија. • Проект 202-Б-2 воени аеродроми (249.500.000,00 долари) во Ирак.

  • 1987

    • Проект 1100 - воен аеродром во Ирак.

  • 1993

    • Првиот проект на Гранит во странство по распадот на Југославија. Изградба на фабрика Novokuzneck Steel во Русија.

  • 1994

    • Влез на Бугарскиот пазар со договори вредни околу 57.500.000 долари

  • 1996

    • Гранит е трансформиран во Акционерско Друштво и стана првиот градежен изведувач со приватен капитал во земјата.

  • 1997

    • Рехабилитација на аеродромот во Сараево. • Рехабилитација на аеродромот во Софија.

  • 1999

    • Влез на Албанскиот пазар - освојувајќи четири договори (околу 60.000.000 евра) во 3-годишен период.

  • 2002

    • Гранит го доби проектот за изградба на автопатот Европски Коридор 8, Изградба на Скопје • Обиколница, делница Хиподром - Оризари, ca.72.000.000 евра.

  • 2003

    • Гранит влегува на Хрватскиот пазар со договори вредни околу 62.520.000 евра • Гранит влегува на Украинскиот пазар со договори вредни околу 135.000.000 евра

  • 2006

    • Гранит го доби проектот за рехабилитација на аеродромот во Приштина, Косово. • Изградба на брана Злетовица, ca.14.000.000 евра. • Гранит почна да работи на изградбата на браната Света Петка, договор вреден околу 12.000.000 евра.

  • 2007

    • Гранит влезе во конзорциум за изградба и користење на концесија за 7 хидроцентрали.

  • 2009

    • Изградба на Државниот архив, Уставен суд и Археолошкиот музеј во Македонија. ca 26.500.000 евра. • Потпишани договори со Јавното претпријатие за државни патишта, за изградба и реконструкција на патишта и локалните патишта во Македонија. ca 29.000.000 евра. • Потпишани договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. ca 17.600.000 евра. • Гранит потпиша договор со РЕК Битола за ископ на јаглен. ca 37.000.000 евра.

  • 2008

    • Проект на 145 училишни спортски сали во висина од околу 69.000.000 евра • Гранит потпиша договор со РЕК Битола за ископ на јаглен ca. 23.000.000 евра

  • 2011

    • Потпишани договори со Јавното претпријатие за државни патишта, за изградба и реконструкција на патишта и локалните патишта во Македонија ca 19.000.000 евра.

  • 2012

    • Гранит потпиша уште еден договор со РЕК Битола за ископ на јаглен. Договор вреден околу 54.000.000 евра. • Гранит потпиша договор со Јавното претпријатие "Република Српска автопати" за изградба на автопатот Бања Лука - Добој, делница Прњавор - Добој. Договор вреден околу 180.000.000 евра.

  • 2013

    • Гранит потпиша договор со Јавното претпријатие "Република Српска автопати" за изградба на автопатот Бања Лука - Добој, делница Бања Лука - Прњавор. Договор вреден цирка 158.000.000 евра. • Потпишани договори со Јавното претпријатие за државни патишта, за изградба и реконструкција на патишта и локалните патишта во Македонија. Договори во вредност од околу 22.500.000 евра. • Гранит ја започнува изградбата на кула за телекомуникации на AEK - антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите на територијата на Македонија. Договор вреден околу 21.000.000 евра. • Гранит започна со изградба на хидроцентрала Јабланица, со капацитет од 3,4 мегавати. • Гранит започна со изградбата на регионалниот пат во населбата Сончев Град во Скопје, Македонија ca. 8.000.000 евра

  • 2014

    • Гранит потпишува договор со Sinohydro Corporation Limited Beijing- Подружница Скопје за изградба на автопатот Миладиновци - Штип делот Свети Николе - Штип. Договор вреден цирка 38.500.000 евра. • Гранит потпиша договор со Sinohydro Corporation Limited Beijing - Подружница Скопје за изградба на автопат Кичево - Охрид. Договор вреден цирка 118.000.000 евра

 

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

 

granit-structura_5

 

ПРИНЦИПИ НА РАБОТА

 

Компанијата успешно го комплетираше процесот на сертификација за стандардот BS OHSAS 19001:2007 – Окупационо Здравстен и Безбедносен Советодавен Систем, ISO 14001:2004 – Менаџмент Систем на Животната Средина и ISO9001:2008 – Менаџмент Систем на Квалитет.

Овие три системи го прават Гранит конкурентен на пазарот за градежништво како Македонија, така и во поширокиот регион.

Усвојувањето на овие стандарди, во време на економска рецесија е од огромна важност за Гранит.

Структурата на лидерството, како и персоналот во Гранит се запознаени со законите и другите регулации произведени од нивните обврски во сегашните операции. Целта е да се зачува и заштити животната средина и да се овозможат услови за зачувување на безбедноста и здравјето на вработените.

Изведбата на градежнтаа локација, производството на асфалт и бетонските бази, каменоломите и ископувањето, менаџментот и работниците кои работат на овие ресурси ги превземаат сите заштитни мерки и активности со цел да се намали штетното влијание на животната средина и нејзината заштита. Целосно внимание е насочено кон безбедноста и здравјето на вработените на работното место.

 

iso9001

iso14001

iso18001

 

 

КОРПОРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ

Гранит има двостепен систем на управување и тоа: Управен Одбор и Надзорен Одбор.

 

СТРУКТУРА НА АКЦИОНЕРИТЕ

 

ВРАБОТЕНИ

 

Менаџментот на Гранит се карактеризира со амбициозни работници, кои што се самомотивирани и остваруваат само-контрола. Вработените во Гранит ги уживаат нивните ментални и физички работни должности. Како што и раководителот на Човечки Ресурси има кажано: за нив работата е исто толку природна, како и играта.

Тие поседуваат способност за креативно решавање на проблемите, додека нивните таленти се максимално искористени во случаи каде е потребна оваа вештина. Со дадени соодветни услови, вработените се стремат кон и прифаќаат одговорност и исто така поседуваат само-контрола како и самонасочување кон исполнување на целите на кои им се посветени.

Веруваме дека со овозможување на правилни услови, повеќето луѓе би сакале да се докажат во нивната работа. Сатисфакцијата со успешно извршување на задача е силна мотивација. Нашите менаџери се отворени со позитивен поглед кон вработените и можностите кои се укажуваат.

Развивање средина на доверба со вработените која е исто така потребна и за развој на човечките ресурси е есенцијален дел на нашата стратегија во ова поле. Присутна е преку развојот кој е круцијален аспект на нашата организација.

Ова ги вклучува менаџерите кои комунициираат отворено со подредените, намалувајќи ја разликата во врската помеѓу надреден и обичен работник и така се креира удобна средина во која вработените можат да се надоградуваат и да ги користат своите способности. Оваа средина вклучува и поделба на одлучувачкиот процес така што вработените имаат право да учествуваат во одлуките кои нив ги засегаат.

Гранит продолжува да инвестира во константен развој како на професионалните така и на личните вештини на нашите вработени.

Ние веруваме дека со давање повеќе одговорност на нашите вработени им се овозможува тие дополнително да се развиваат.