Заштита на лични податоци

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ГД Гранит АД Скопје со особено внимание пристапува кон обработката на личните податоци согласно позитивното право.

Особено внимание посветуваме на правото на приватност на субјектите на личните податоци, па согласно тоа кон обработката на истите се пристапува со огромна грижа и одговорност.

Личните податоци се обработуваат на начин на кој ги заштитуваме вашите интереси, основни права и слободи на законски, фер и на транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациони мерки.

Политиките за заштита на личните податоци и обрасците за остварување на правата на личните податоци, сите субјекти може да ги најдат на нашата веб страница, а за сите прашања може да го контактираат Офицерот за заштита на личните податоци, како што е назначено во истите.