Информации за акционери

Информации за акционери

Акциите на ГД Гранит АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност во сегментот берзанска котација и се вклучуваат во пресметката на Македонскиот берзански индекс. Истите котираат на официјалниот пазар од 22.01.2003 година.

Друштвото негува транспарентни односи со акционерите и редовно ги објавува извештаите, ценовно чувствителните информации и сите останати информации во врска со работењето и управувањето со Друштвото. 

Друштвото редовно исплаќа дивиденда на акционерите. Во формирањето на дивидендниот календар Друштвото постапува според одредбите од Правилникот за котација на Македонската берза. 

Друштвото има издадено обични акции кои на нивните сопственици согласно ЗТД и Статутот на Друштвото им даваат:

– право на глас во Собранието на Друштвото;

– право на исплата на дел од добивката (дивидендата); и

– право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на Друштвото.

Сите издадени обични акции се со право на 1 (еден) глас.

Основната главнина на Друштвото изнесува 3.071.377 акции со номинална вредност од 5 Евра и вкупен номинален капитал од 15.356.885 Евра.

Структура на капиталот

Пресек за дивиденда 04.06.2021 Број акционериБрој акции%
Домашни правни лица 71520.37016,94
Домашни физички лица4.1452.138.59669,63
Странски правни лица 549.9951,63
Странски физички лица 15849.5971,61
Збирна сметка  1.8260,06
Неидентификувани акционери  9.8200,32
Сопствени акции 301.1739,81
 4.3793.071.377100,00