ГД Гранит АД Скопје добитник на кристална статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2023 година

Продолжувајќи и продлабочувајќи ја соработката со СОС Детско Село, ГД Гранит АД Скопје во 2023 година се вброи во друштвото на најголеми корпоративни донатори.

Горди и почестени сме што со нашиот скромен придонес сме причина за детска насмевка.

Огромно задоволство ни претставува што успеавме и во услови на економска криза, да ја поддржиме мисијата на СОС Детско Село во Македонија.

Посебно сме благодарни и на Синдикатот на Гранит, кој веќе 2 години помага во подготвувањето на зимница за младинците на СОС Детско Село и на тој начин секој еден вработен во Гранит дава свој придонес во обезбедувањето на се што е потребно за дечињата на кои тоа им е најпотребно.

 

ГД Гранит АД Скопје продава стан од 118 м2 во Битола

 

ГД Гранит АД Скопје продава  нов стан во Битола, на ул. Леринска бр. 47.
Станот се наоѓа на поткровје во зграда со 2 лифта.

Распоалага со вкупна површина од 118 м2 од кои дневна со трпезација и кујна, 3 спални, тоалет, бања и тераса.
Цена: 106 200 Евра со вклучен ДДВ.

Повеќе информации на: 070/406-479

ГД Гранит АД Скопје продава стан од 81m2 во Битола

 

ГД Гранит АД Скопје продава  нов стан во Битола, на ул. Леринска бр. 45.
Станот се наоѓа на поткровје во зграда со 2 лифта.

Распоалага со вкупна површина од 81 м2 од кои дневна со трпезација и кујна, 2 спални, бања и тераса.
Цена: 52 650 Евра со вклучен ДДВ.

Повеќе информации на: 070/406-479

СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО СКОПЈЕ – КАРПОШ

 

ГД Гранит АД Скопје издава деловен простор во општина Карпош, на ул. Илинденска, позади City Mall.
Деловниот простор е со површина од 440 м2. Истиот има простран двор со зеленило, како и простор за паркирање.

Цена: по договор.

Информации на телефон: 070/406-479

СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО БИТОЛА

 

ГД Гранит АД Скопје издава деловен простор во строг центар на Битола, на ул. 29 Ноември, во непосредна близина на Широк Сокак.
Деловниот простор е со површина од 231 м2 и располага со 8 канцеларии,  1 кујна со трпезарија и 2 тоалети.

Цена: по договор.

Информации на телефон: 070/406-479

Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата

 

Со особено задоволство ги покануваме сите професионалци од полето на набавките да се пријават и да го следат краткиот webinar, со наслов „Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата“.

Истиот ќе се одржи на 13.02.2024 со почеток во 12:00 часот, а еден од говорниците ќе биде и Денис Ризаов, правник во ГД Гранит АД Скопје.

Вебинарот ќе се осврне на следниве прашања:

-Кои се најновите случувања во индустријата?

-Прашања околу цените, одржливоста, квалитетот и квалификациите

-Како консултантите ја „бранат“ својата позиција на променливиот пазар?

-Различните пристапи низ светот – кои се клучните трендови?

-Улога на клучните финансиери и клиенти

-Правни рамки

-Улогата на FIDIC договорите врз добрите набавки

Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк: https://events.fidic.org/webinarseries2024/session/1922202/where-is-procurement-going-future-trends-and-challenges-for-the-industry

 

ГРАНИТ добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година од Друштвото на градежни конструктори на Македонија

На 20 Меѓународен Симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје беше добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.

Признанието беше доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.

Ова и сите останати признанија и награди се потврда за вложувањето во човечките ресурси на Друштвото, во насока на наградба на знаењето на нашите кадри, пристапот до нови технологии за градба, поседување на најсовремена опрема за изведба на објектите, високото ниво на тимска работа, како и мотив и понатаму да продолжиме да поставуваме стандарди во градежната индустрија.

22 годишна конференција на Македонска Берза

На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.

На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.

Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.

На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.