ГД Гранит АД Скопје добитник на наградата „Компанија со најдобра пракса за БЗР 2020“

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, ја врачи Националната награда „Компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020“ на ГД Гранит АД Скопје.

Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката ја истакна исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, јакнењето на културата на превенција, како теми и области кои се од особено значење и кои се несомнено мошне актуелни. Дотолку повеќе кога се наоѓаме во исклучително комплициран и сериозен период, кога целото човештво е погодено од пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Доделеното признание само ги потврди заложбите и претставува уште поголем поттик и одговорност за ГД Гранит АД Скопје да продолжи да работи на креирање на политики на безбедност, превенција на болестите и унапредување на континуираната грижа за здравјето и добробитта на нашите вработени.

Галерија