ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ БЛАЦЕ

На 17.02.2020 ГД Гранит АД  потпиша договор   со Јавното Претпријатие за државни патишта за Изградба на автопат А4, делница ГП “ Блаце” – Скопје ( клучка “ Стенковец “), Подделница 1- проширување на постоен пат А4  од ГП “ Блаце” до с.Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат со с.Блаце.

Изградба на Експресен пат, ЛОТ 2:Изградба на делница Крива Паланка-Длабочица

На 22.05.2018 година ГД Гранит АД Скопје и ДГ Бетон АД како членки  на конзорциум со заеднички настап потпишаа  договор со Јавното претпријатие за државни патишта за Изградба на делница Крива Паланка-Длабочица. Изградбата на првата делница  од Крива Паланка до Длабочица е еден од важните инфраструктурни проекти кои ќе овозможат модерно и современо инфраструктурно поврзување на Р. Македонија со Р. Бугарија.

Изградба на Експресен пат А3 Штип – Кочани, делница Штип – Крупиште

На 06.09.2017 година ГД Гранит АД Скопје и ДГ Бетон АД како членки  на конзорциум со заеднички настап потпишаа  договор со Јавното претпријатие за државни патишта за Изградба на Експресниот Пат А3 Штип – Кочани, каде Гранит ја изведува секцијата на потег од Штип до Крупиште и чија финализација се очекува кон крајот на 2019, што ќе овозможи брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани.

Автопат Бања Лука-Добој, Бања Лука-Прњавор

ГД Гранит а.д. Скопје, со гордост објавува дека делницата од Автопатот Бања Лука – Добој, Бања Лука – Прњавор беше пуштена во употреба во вторник, 02.10.2018г., надоврзувајќи се на делницата Прњавор – Добој којашто е во употреба од 11.09.2016г., со што во целост е завршена изградбата на делот од Автопатот 9ти Јануар којшто ги поврзува двата најголеми градови во Република Српска, и обединува повеќе од половината од локалното стопанство на оваа мала земја. Безмалку 2.5 милиони м3 насип, 1 милион мископ, околу 60 илијади мбетон, 900 илијади масфалт, се бројките со кои се мери успехот на најголемата македонска градежна компанија на овој проект. Во изминативе 4 години, колку што траеше изведбата на оваа делница од Автопатот, изградивме 1 вијадукт од 466м, 11 мостови, 2 подвозици и 7 надвозници, 9 км регулација на речно корито, стопиравме и саниравме 2 свлечишта, направивме потпорна конструкција од 400м, изградивме брз и сигурен автопат, со паметна сигнализација и управувачки центар, на рамниште на секој модерен автопат во западна Европа.

ИЗВЕДБА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ ДО НАСЕЛБА СОНЧЕВ ГРАД

 

Изградба на регионален пат Р2138, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град

Договор бр.: 07-861/13 од 14.03.2013год.

Инвеститор: Јавно Претпријатие за Државни Патишта

Почеток на работите: јули 2013год.

Времето на завршување на објектот ќе се утврди по потпишувањето на Анекс Договор кон Основниот Договор, кој е неопходен за завршување на работите кои не се предвидени во Основниот Договор, а се од голема важност за да објектот се пушти во употреба.

ИЗВЕДБА НА АВТОПАТ КИЧЕВО – ОХРИД, СЕКЦИЈА КИЧЕВО – ПОДВИС

Работната Единица Кичево – Охрид утврдена со одлуката на Управниот Одбор од Гранит во Мај 2014, со цел да се конструира автопат Кичево – Охрид, делот Кичево – Подвис.

Согласно со Договорот за конструкција на автопатот:
– Гранит Корпорација АД е номиниран подизведувач
– Корпорацијата Sinohydro е главен изведувач
– Consorcium GIM, Euroconsulting и Geing Krebs und Kiefer се Инжинери
– Работодавач е Јавно Претријатие за Државни Патишта

Вкупната цена на Договорот за изградба на автопат Кичево – Охрид, делот Кичево – Подвис е 117,609,360,15 евра. Засилените бетонски работи на автопатот учевствуваат со повеќе од 60% во вкупната цена на Договорот за Изградба на автопатот.

Делот Кичево – Подвис се состои од следните структури:
12 вијадукти со пренапрегнати носачи, со целосна должина од 3,60 км во двете насоки,
2 вијадукти со балансиран конзолен метод на конструкција, со тотална должина од 1,80 км
2 надвозници
1 подвозница со клучка на автопатот

Потпорни ѕидови со целосна должина од 1,35 км

Критичните точки на критичната патека на автопатот Кичево – Охрид, делот Кичево – Подвис се клучките со балансиран конзолиран метод на конструкција лоциран на км 6+860 и км 9+105

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛЕН ПАТ А3, СЕКЦИЈА БИТОЛА – МАКАЗИ

 

Предмет на договорот: Рехабилитација на Национален пат А3, секција Битола – Макази

Инвеститор: Јавно Претпријатие за Државни Патишта

Вредност на договорот: 189.929.932 денари

РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ ВЕЛЕС – КАДРИФАКОВО ФАЗА 3: ЛОЗОВО – САРАМЗАЛИНО – КАДРИФАКОВО

 

Предмет на договорот: Реконструкција и рехабилитација на патен правец Велес Кадрифаково фаза 3 : Лозово – Сарамзалино – Кадрифаково.

Инвеститор: Јавното претпријатие за државни патишта..

Вредност на договорот: 391.676.123 ден.