Саем за вработување и пракса

ГД Гранит АД, Скопје учестуваше на Саемот за вработување и пракса кој се одржа на Факултетот за електротехника и информатички технологии -ФЕИТ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од 12 до 14 април 2017 организиран од страна на организацијата Контакт.

Во рамките на саемот на 13.04.2017 се одржа презентација за ГД Гранит АД, Скопје на Градежен факултет и интервјуа со студентите со претставник од ГД Гранит АД, Скопје.
Од страна на студентите се покажа голем интерес за компанијата за извршување на практична обука, а и можности за вработување. Студентите беа запознаени со работата на компанијата – проектите, со инженерскиот кадар и на кои позиции има можност за вработување. Исто така им беше објаснет и процесот на аплицирање, а им беа доставени и контакти за заинтересираните студенти да поднесат CV за пракса и за вработување.

Галерија