Политика за приватност


Политика за приватност и заштита на личните податоци

Со оваа Политика за приватност на личните податоци, ГД Гранит АД Скопје, со седиште на ул. Димитрије Чуповски бр. 8, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија, го уредува начинот на кој ги собира, обработува, користи, одржува и открива личните податоци кои ги собира при посета на веб страницата на Друштвото. Истата е наменета единствено и исклучиво за приватните податоци кои се собираат и обработуваат преку веб страницата на Друштвото и не се однесува на собирањето и обработката на личните податоци кои се собираат на други начини.

ГД Гранит АД Скопје посветува сериозно големо внимание на заштита на личните податоци во сите деловни процеси, имлементирајќи ги законските одредби како што е уредено со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр. 42/20), како и подзаконските акти, но и европските практики во поглед на заштитата на личните податоци.

I. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ДРУШТВОТО

ГД Гранит АД Скопје не собира, ниту обработува податоци при самата посета на веб страницата на Друштвото, со исклучок на податоци кои заради природата на интернетот се собираат за евиденција на корисниците, но како такви не се доволни за да се идентификува некое лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на веб страницата.
Такви информации се: бројот на посети, просечно поминато време на веб станицата, интернет пребарувачот, технички податоци за конекцијата на посетителот, оперативниот систем и сл.

Друштвото единствено собира лични податоци кога посетителите го користат делот за контакт преку веб страницата (контакт форма).
Во овој случај Друштвото го обработува единствено и исклучиво личните податоци кои посетителот доброволно ги дава, со цел да ги добие информациите кои ги бара.

Овие лични податоци може да вклучуваат:

  • Име и презиме
  • Е-пошта

и истите ќе бидат користени согласно Политиката на приватност и исклучиво за намената за која истите биле оставени од страна на посетителите.

II. ЦЕЛИ, ОБРАБОТКА И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИТЕ

Личните податоци кои ГД Гранит АД Скопје ги собира и обработува од посетителите на веб страницата на Друштвото се заради исполнување на следниве цели:

  • Обработка на барањето за контакт испратено од посетителите;
  • Управување и оптимизирање на односите со клиентите;
  • Анализирање и оптимизирање на веб страницата.

Обработката на личните податоци наведени погоре во овој документ е оправдана од:

  • Обработка на барањето на посетителот заради неговиот интерес (добивање на информација, понуда и сл.);
  • Легитимниот интерес на ГД Гранит АД Скопје да овозможи полесно користење на веб страницата, со цел задоволство на своите клиенти.

Посетителите ја даваат својата согласност за собирање и обработка на личните податоци со притискање на копчето ПРАТИ, при пополнувањето на контакт формата на веб страницата на Друштвото.

ГД Гранит АД Скопје се обврзува дека собраните податоци ќе ги обработува само согласно намената заради која се дадени од посетителите и при обработката ќе ги почитува позитивното право на Р. Северна Македонија кое се однесува на оваа материја.

III. БЕЗБЕДНОСТ И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Заштитата на податоците е интегрирана во самиот дизајн, а поставките за приватност се поставени на стандардно високо ниво. Целата комуникација помеѓу корисниците и сајтот се одвива преку безбеден енкриптиран протокол (https).
Обработката на личните податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Р. Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.
Вработените во ГД Гранит АД Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучувајќи ги и личните податоци) кои ќе им станат достапни во текот на извршувањето на редовните работни обврски.

Друштвото применува сигурносни мерки при собирањето, чувањето и обработката на личните податоци, како би превенирало неавторизиран пристап, откривање, промена или уништување на личните податоци, како и податоците воопшто. Личните податоци може да се откријат единствено на надлежните органи во и со закон утврдена постапка.

Податоците доставени од посетителите на веб страницата на Друштвото се чуваат одреден временски период, односно додека не се исполни целта заради која се доставени. Во тој период сите посетители го задржуваат правото за пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, приговор и право да не бидат предмет на автоматизирано донесување одлуки, вклучувајќи и профилирање.

IV. КОЛАЧИЊА НА ПРЕБАРУВАЧОТ НА ИНТЕРНЕТ

„Колачиња“ (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се снимаат на вашиот уред (компјутер, лаптоп, мобилен телефон, таблет) заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата и не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин се собираат податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата.
На интернет страницата има тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата.

Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Кога ќе посетувате некоја од нашите веб-страници или ги користите нашите апликации или други дигитални алатки, можеме, во зависност од вашата согласност, да користиме колачиња, пиксели за колачиња и други технологии за да ги собереме следниве податоци:

  • IP адреса, информации за конекција, тип на прелистувач, локација, временска зона, оперативен систем и други технички информации;
  • Информации за вашата посета, вклучувајќи ги и веб-страниците што ги посетувате пред и по нашата веб-страница и производите што ги гледате;
  • Времетраење на посети на страниците на нашата веб-страница и информации за интеракцијата помеѓу страниците.

ГД Гранит АД Скопје користи колачиња од трети лица (Google Analytics). Овие колачиња се за анонимни статистички податоци за посетата на сајтот и не вклучуваат лични податоци.
Не заборавајте дека секогаш Вие имате целосна контрола над колачињата. Повеќето пребарувачи нудат целосно исклучување на колачињата преку опциите, за секој пребарувач посебно.

V. СЛОБОДА НА ИЗБОР, СОГЛАСНОСТ И ПРАВА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Секој посетител, со пополнување на контакт формата на веб страницата на Друштвото и со штиклирањето на полето за таа намена изјавува дека е согласен со оваа Политика за приватност и дека е согласен да биде контактиран на наведените контакт информации.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, сите посетители имаат право во секое време да побараат пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката и копија од личните податоци.

Посетителите можат да ја повлечат својата согласност за обработка на личните податоци во секое време.

Сите посетители своите горенаведени права можат да ги остварат со достава на барање до Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото, на е-пошта: granit@granit.com.mk или на адреса: ул. Димитрије Чуповски бр.8, 1000 Скопје, со назнака „За Офицерот за заштита на лични податоци“.

Промени во Политиката за приватност

ГД Гранит АД Скопје го задржува правото на промени на Политиката за приватност. Во таков случај, сите промени ќе бидат објавени на веб страницата на Друштвото.

ГРАНИТ ПРОИЗВОДСТВО

НАШАТА СТРАТЕГИЈА Е ДА СЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ НЕЗАВИСЕН И САМОДОВОЛЕН ЗА ПОВЕЌЕТО ОД НАШИТЕ ОСНОВНИ РЕСУРСИ. ОТТУКА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА РЕСУРСИ, КАКО КАМЕН, БЕТОН И АСФАЛТ Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ.

  • 9
    БЕТОНСКИ БАЗИ
  • 7
    АСФАЛТНИ БАЗИ
  • 7
    КАМЕНОЛОМИ
  • 11
    ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ