ГРАНИТ НЕМА ДА ОТПУШТИ НИТУ ЕДЕН РАБОТНИК

Почитувани вработени,
Иако се соочуваме со големи тешкотии за работа во услови на вонредна состојба и пандемија, Гранит како најголема и најстабилна градежна компанија во Македонија со над 1500 вработени, продолжува со изведување на градежните работи со лимитирани ресурси, скратено работно време и зголемени мерки и активности за заштита на вработените согласно препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија и Светската Здравствена Организација.

Во овие тешки моменти менаџментот на Гранит одлучи дека нема да отпушти ниту еден од своите вработени. Сите договори за вработување на нашите вработени кои истекуваат во овој период ќе бидат продолжени согласно законите на Република Северна Македонија.

Ви посакувам добро здравје на вас и на вашите најблиски.

Со почит,
Генерален Директор
Зоран Милковски

Превземи документ

Галерија