ИЗГРАДБА НА БРАНИ

Повеќе од половина век, ГРАНИТ има изградено многу хидротехнички објекти од секаков вид во Македонија: бетонски брани, насипи за контрола на реките, системи за наводнување и системи за водоснабдување. Компанијата е горда на својот континуиран придонес во градењето и развојот на националниот електроенергетски систем. Некои од позабележителните проекти се: хидроцентралата Козјак со моќност од 100 MWh, двосводната бетонска брана во Света Петка, недалеку од главниот град на Македонија која има капацитет за производство од дополнителни 27,66 MWh, доволно за задоволување на потребите за електрична енергија на главниот град и дел од индустриските потреби на главниот град. Земјено-карпеста брана Кнежево со своите 1,7 мил/м3 насип придонесува за дополнителна акумулација на корисна вода од 22,5 мил/м3 во хидросистемот во Злетовица. ГД Гранит АД Скопје е исто така производител на електрична енергија како коосновач и со 50% сопственички удел на „Мали хидроелектрани“ приватна компанија која поседува 7 мали хидроцентрали кои учествуваат во снабдувањето со електрична енергија на Република Македонија.

 

 

 

– БРАНА РАТЕВСКА РЕКА,

МАКЕДОНИЈА, 1972 – 1972

 

– ХЕ СВ. ПЕТКА – МАТКА, СКОПЈЕ,

МАКЕДОНИЈА, 2006 – 2012

 

– БРАНА КНЕЖЕВО,

МАКЕДОНИЈА, 2009

 

Галерија

ГРАНИТ ПРОИЗВОДСТВО

НАШАТА СТРАТЕГИЈА Е ДА СЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ НЕЗАВИСЕН И САМОДОВОЛЕН ЗА ПОВЕЌЕТО ОД НАШИТЕ ОСНОВНИ РЕСУРСИ. ОТТУКА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА РЕСУРСИ, КАКО КАМЕН, БЕТОН И АСФАЛТ Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ.

  • 9
    БЕТОНСКИ БАЗИ
  • 7
    АСФАЛТНИ БАЗИ
  • 7
    КАМЕНОЛОМИ
  • 11
    ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ