Награда за најдобар менаџер и најдобра компанија во Европа за 2015

Престижниот Европски настан „Најдобар Европски Менаџер“ која оваа година беше оддржана по 32-ри пат за територијата на Босна и Херцеговина, Југоисточна и Централна Европа беше доделена на Г-дин Страшо Милковски – Претседателот на Управниот Одбор во ГД Гранит АД Скопје. Исто така компанијата „Гранит“ беше наградена со Прва Позиција од индустријата во гореспоменатиот регион. Оваа исклучителна и меѓународно призната награда беше издадена од независната регионална Агенција – Европската Асоцијација на менаџери и престижниот магазин Euromanager на Г-дин Страшо Милковски и компанијата Гранит за многуте години успешна работа и достигнување со висок развивачки квалитет.

Оваа награда спаѓа во седумте најпочитувани награди во светот и е базирана на многу строг и висок критериум на кој се наоѓа идентификација, именување, афирмација и промоција на најисклучителните менаџери и успешни компаниии во Босна и Херцеговина и Европа. Ова претставува високо признат статус:„Најдобар Менаџер и Најдобра Компанија на годината“ селектирана од панел на судии кои се претставени од успешни менаџери и бизнисмени кои меѓусебно го селектираат највисокиот квалитет.

Со овој „Оскар“ за најдобар менаџер во Европа беше награден Г-дин Страшо Милковски на церемонија за доделување на наградите во Сараево на 3-ти јули 2015. Бројни претставници од скоро сите компании во регионот беа присутни на церемонијата.

Галерија