Извршител за безбедност и заштита при работа и заштита на животна средина

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Извршител за безбедност и заштита при работа и заштита на животна средина – 2 извршители

Потребни квалификации:
  • ВСС Дипломиран инженер за заштита при работа, инженер по заштита на животна средина или дипломиран инженер од техничките струки
  • Со или без работно искуство
  • Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат уверение за положен стручен испит за безбедност при работа или кандидат кој ќе ги исполнува условите за добивање на уверението
  • Предност ќе имаат кандидатите со лиценца за експерт за оценка на влијание врз животна средина
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години, на исто или слично работно место
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија/активен возач
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Компанијата нуди:
  • Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
  • Можност за личен развој
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа
  • Работа во Дирекција (Скопје) и на проекти на кои работи Друштвото (теренска работа надзор од Скопје)
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови

Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.

Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..

Известување за заштита на лични податоци на кандидатите за вработување

    • Процес на обработка на лични податоци: Селекција на кандидати за вработување во ГД ГРАНИТ АД Скопје
    • Правен основ: Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020
    • Контролор: ГД ГРАНИТ АД Скопје
    • Кои лични податоци ги обработуваме и кој се има пристап до истите: Ние ги обработуваме само личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат само вработените и менаџерите кои се одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор на друштвото
    • Од каде ги добиваме Вашите лични податоци: Преку Вашата апликација на jobs@granit.mk
    • Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција
    • Чување на  вашите лични биографии: Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот
    • Повеќе информации за обработката на личните податоци од страна на Друштвото и начинот на остварување на правата на субјектите на личните податоци, можете да најдете на следниот линк

Галерија