Градежен инженер за нискоградба

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Градежен инженер за нискоградба – 5 извршители

Потребни квалификации:
  • ВСС- Дипломиран градежен инженер 240 или 300 ЕКТС (Градежен факултет)
  • Без работно искуство
  • Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
  • Подготвеност за теренска работа во земјава и странство
  • Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
  • Познавање на англиски јазик
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Компанијата нуди:
  • Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови

Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.

Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..

Известување за заштита на лични податоци на кандидатите за вработување

  • Процес на обработка на лични податоци: Селекција на кандидати за вработување во ГД ГРАНИТ АД Скопје
  • Правен основ: Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020
  • Контролор: ГД ГРАНИТ АД Скопје
  • Кои лични податоци ги обработуваме и кој се има пристап до истите: Ние ги обработуваме само личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат само вработените и менаџерите кои се одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор на друштвото
  • Од каде ги добиваме Вашите лични податоци: Преку Вашата апликација на jobs@granit.mk
  • Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција
  • Чување на  вашите лични биографии: Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот
  • Повеќе информации за обработката на личните податоци од страна на Друштвото и начинот на остварување на правата на субјектите на личните податоци, можете да најдете на следниот линк

Галерија