ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2024

ГД Гранит АД Скопје, ги известува акционерите дека овогодишното Собрание на акционери ќе се одржи на 23.05.2024 година (четврток) во 11,00 часот, во Дирекцијата на ГД Гранит АД Скопје, на 3 кат сала за состаноци.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2024 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година
– Биланс на состојба и биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка за 2023 година (преземи PDF).

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година
– Консолидиран Биланс на состојба и Консолидиран биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLSX); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLSX);
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF) прашалници ККУ (преземи XLSX)

5. Извештај на независниот ревизор и посебни финансиски извештаи (преземи PDF) и Извештај од независниот ревизор и консолидирани финансиски извештаи (преземи PDF) за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година,

– Предлог одлука за усвојување на Извештаите од независниот ревизор за посебни и консолидирани финансиски извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

6. Годишен Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за Годишниот Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија за 2023 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија за 2023 година (преземи PDF)

8. Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда (преземи PDF)

11. Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2024 година, консолидираната годишна сметка, посебните финансиски извештаи и консолидираните финансиски извештаи на Друштвото за 2024 година; (преземи PDF)


Инструкции за учество на Собранието:

Предлог за претседавач, записничари и заверувачи на записник (преземи PDF)

1. Гласање по пат на кореспонденција (преземи PDF)
– гласачко ливче за физички лица (преземи PDF)
– гласачко ливче за правни лица (преземи PDF)
– Изјава за лични податоци (преземи PDF)

2. Овластување полномошници (преземи PDF)
-полномошно за правни лица со инструкции (преземи PDF)
-полномошно за физички лица (преземи PDF)

3. Пријава за учество со физичко присуство

– писмо за известување за физички лица (преземи PDF)
– писмо за известување за правни лица (преземи PDF)

Поставување на прашања (преземи PDF)

Нови точки (преземи PDF)

ГД Гранит АД Скопје добитник на кристална статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2023 година

Продолжувајќи и продлабочувајќи ја соработката со СОС Детско Село, ГД Гранит АД Скопје во 2023 година се вброи во друштвото на најголеми корпоративни донатори.

Горди и почестени сме што со нашиот скромен придонес сме причина за детска насмевка.

Огромно задоволство ни претставува што успеавме и во услови на економска криза, да ја поддржиме мисијата на СОС Детско Село во Македонија.

Посебно сме благодарни и на Синдикатот на Гранит, кој веќе 2 години помага во подготвувањето на зимница за младинците на СОС Детско Село и на тој начин секој еден вработен во Гранит дава свој придонес во обезбедувањето на се што е потребно за дечињата на кои тоа им е најпотребно.

 

Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата

 

Со особено задоволство ги покануваме сите професионалци од полето на набавките да се пријават и да го следат краткиот webinar, со наслов „Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата“.

Истиот ќе се одржи на 13.02.2024 со почеток во 12:00 часот, а еден од говорниците ќе биде и Денис Ризаов, правник во ГД Гранит АД Скопје.

Вебинарот ќе се осврне на следниве прашања:

-Кои се најновите случувања во индустријата?

-Прашања околу цените, одржливоста, квалитетот и квалификациите

-Како консултантите ја „бранат“ својата позиција на променливиот пазар?

-Различните пристапи низ светот – кои се клучните трендови?

-Улога на клучните финансиери и клиенти

-Правни рамки

-Улогата на FIDIC договорите врз добрите набавки

Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк: https://events.fidic.org/webinarseries2024/session/1922202/where-is-procurement-going-future-trends-and-challenges-for-the-industry

 

ГРАНИТ добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година од Друштвото на градежни конструктори на Македонија

На 20 Меѓународен Симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје беше добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.

Признанието беше доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.

Ова и сите останати признанија и награди се потврда за вложувањето во човечките ресурси на Друштвото, во насока на наградба на знаењето на нашите кадри, пристапот до нови технологии за градба, поседување на најсовремена опрема за изведба на објектите, високото ниво на тимска работа, како и мотив и понатаму да продолжиме да поставуваме стандарди во градежната индустрија.

22 годишна конференција на Македонска Берза

На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.

На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.

Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.

На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА ГД ГРАНИТ

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивидендата за 2022 година, потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава. ( преземи изјава )

Акционерите кои добиле дивиденда за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.

Податоците да се достават на следнава адреса:
ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или  на e-mail violeta.petrusevska@granit.mk со назнака за дивиденда 2022 година

Сите потребни информации можат да се добијат на тел. 02/ 3 218 713

ОДЛУКИ ДОНЕСЕНИ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2023

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 30.05.2023 година ги донесе следните Одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година
(преземи PDF

2. Одлука по консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

3. Одлука за финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

4. Одлука за Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)

5. Одлука за усвојување на Извештаите од надворешните Ревизори за 2022 година (преземи PDF)

6. Одлука за Извештај од Надзорниот одбор за 2022 година на ГД Гранит АД Скопје ( преземи PDF)

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2022 година (преземи PDF)

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2022 година (преземи PDF)

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

10. Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар за 2022 година  (преземи PDF)

11.  Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2023 година (преземи PDF)

 

 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2023

ГД Гранит АД Скопје, ги известува акционерите дека овогодишното Собрание на акционери ќе се одржи на 30.05.2023 година (вторник) во 12,00 часот, во Дирекцијата на ГД Гранит АД Скопје, на 3 кат сала за состаноци.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

  1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2022 година
    – Биланс на состојба (преземи PDF) и Биланс на успех (преземи PDF
    – Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка за 2022 година (преземи PDF),

  2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2022 година
    – Консолидиран Биланс на состојба (преземи PDF) и Консолидиран биланс на успех (преземи PDF)
    – Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

  3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2022година
    – Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLSX); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLSX)
    – Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)

  4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)
    – Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)

  5. Извештај од извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2022година, поединечна (преземи PDF) и консолидирана (преземи PDF)
    – Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2021 година (преземи PDF)

  6. Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2021 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
    – Предлог одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2021 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

  7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија за 2022година (преземи PDF)
    – Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија за 2022 година (преземи PDF)

  8. Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

  9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

  10. Предлог одлука за исплата на дивиденда (преземи PDF)

  11. Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2023година (преземи PDF)


Инструкции за учество на Собранието:

Предлог за претседавач (преземи pdf)

  1. Гласање по пат на кореспонденција (преземи pdf),
    – гласачко ливче за физички лица (преземи docx),
    – гласачко ливче за правни лица (преземи docx),
    – Изјава за лични податоци (преземи docx).

  2. Овластување полномошници (преземи pdf),
    -полномошно за правни лица со инструкции (преземи docx),
    -полномошно за физички лица (преземи docx).

-писмо за известување за физички лица (преземи docx)
-писмо за известување за правни лица (преземи docx)

Поставување на прашања (преземи PDF)

Нови точки (преземи PDF)

 

Успешно одржан панел “Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија”

На 25.04.2023 година, во Стопанската Комора на Македонија, а во организација на Меѓународниот Арбитражен Суд, се одржа панелот на тема: ОСИГУРАЈТЕ СЕ ДЕКА АРБИТРАЖАТА ГИ ИСПОЛНУВА ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ВАШАТА КОМПАНИЈА, чиј спонзор беше ГД Гранит АД Скопје.

На панелот учество земаа над 80 млади професионалци од земјата и странство, а панелистите го споделија своето долгогодишно и обемно искуство од полето на арбитражните постапки.

Воедно, со присуството на Раководителот на Правната служба на Гранит, Марија Шеќероска, се даде акцент и на огромната важност на корпоративнтие правници вработени во друштвата во арбитражните постапки.

 

ГД Гранит АД Скопје – спонзор на панелот: Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија

 

ГД Гранит АД Скопје со гордост објавува дека е спонзор на панелот: Осигурајте се дека арбитражата ги исполнува вашите очекувањата на вашата компанија, во организација на Меѓународниот Арбитражен Суд, на кој еден од панелистите ќе биде и Раководителот на правната служба на Гранит, Марија Шеќероска.

На панелот ќе се дискутира за начините на кои бизнис и административните службеници во соработка со нивните внатрешни и надворешни советници можат да обезбедат и да придонесат за економично, брзо и правично решавање на нивните спорови со арбитража. Панелистите ќе дадат практични сознанија за ефективно управување со различни фази од арбитражниот процес, како и некои стратешки размислувања кога станува збор за решавање на споровите.

Како и секогаш, овој настан на ICC YAAF ќе биде идеален форум за младите практичари да разменат знаења, да ги споделат своите искуства и да ја прошират својата мрежа.

За кого е наменета конференцијата?

  • Адвокати специјализирани за решавање спорови или заинтересирани за арбитража
  • Корпоративни правници
  • Административни службеници
  • Академици
  • Студенти заинтересирани за арбитража

Настанот е отворен за оние на возраст од 40 и помлади, YAAF обезбедува можности за поединците да стекнат знаење, да ги развијат своите вештини и да ја разберат арбитражната постапка на МКС и другите услуги за решавање спорови.

Ве молиме евидентирајте го вашето присуство на следниот линк: 

https://2go.iccwbo.org/icc-yaaf-making-sure-that-arbitration-meets-your-company-s-expectations#description

Ве очекуваме !